Во Гевгелија извршено прскање против ларви од комарци

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Општина Гевгелија во соработка со подрачниот Центар за јавно здравје порано од изминатава година го спроведе првото ларвицидно прскање против комарци.

Теренското третирање против ларви од комарци е извршено на површина од околу 10 хектари крај вода и водени површини идентификувани како лежишта на комарци.

– Посебно внимание беше посветено покрај реката Вардар, на потегот од селото Мрзенци до мотелот „Вардар“ и околу недоградената зграда во центарот на Гевгелија, велат од општината.

Надлежните служби најавија дека до 15 април ќе се изврши уште едно теренско ларвицидно прскање против комарци, а доколку се утврди потреба, ќе биде спроведено и трето теренско прскање.

Потоа ќе следуваат авионските прскања против комарци кои годинава општина Гевгелија ќе ги организира самостојно, а не преку заедничка акција со другите општини од Југоисточниот регион затоа што ефектите од заедничкото прскање биле многу слаби на територијата на општина Гевгелија.