Излезе мрачниот трејлер на Joker (ВИДЕО)

од Vlatko K
141 прегледи

Нема шега, нема измама – Хоакин Феникс ќе биде главно лице во најмрачниот филм на DC.

Тоа го проценивме од тизер трејлерот на филмот Joker, во режија на Тод Филипс.

Новата креација ќе го следи создавањето на култниот лик и најголемиот противник на Бетмен.

Во позадина на култната Smile на Нат Кинг Кол, тизерот не запознава со малодушниот Артур Флек
(одигран од Хоакин Феникс) и неговото постепено претворање во еден од најпопуларните ликови
на сите времиња.

Во филмот ќе видиме и ѕвезди од калибарот на Марк Моран, Шеј Вигам и Роберт де Ниро.
Тод Филипс го опишува филмот како независна продукција која ќе биде приказна за потеклото на
Џокер и неговата трагедија.

Прикажаното во видеото е во спротивност со стандардните продукции на DC во лицето на Wonder
Woman и Aquaman. Во овој случај нашите палци се кренати високо.
Joker ќе ја има премиерата на 4-ти октомври.