Дизајнерот Марк Џејкобс се омажи

од Vlatko K
182 прегледи

Дизајнерот Марк Џејкобс се омажи за неговиот свршеник Чарли Дефранческо на раскошна
церемонија во Њујорк, која собра ѕвезди на модата и забавната индустрија, соопштија „Мејл он
сандеј“ и „Сандеј мирор“.

По церемонијата, младенците ги пречекаа своите гости во ресторанот „Грил“ во Менхетен. Меѓу нив
беа и Џиџи и Бела Хадид, Кејт Мос, Наоми Кемпбел, Емили Ратајковски, Каја Гербер. Чаши за среќа
на младенците кренаа и пејачките Рита Ора, Маја, Лил Ким.

На прославата присуствуваше и главниот уредник на магазинот „Vogue“, Ана Винтур.
Состојбата на Марк Џејкобс се проценува над 100 милиони долари. Тој има 55 години, а Чарли
Дефранческо – 37.
Дефранческо е поранешен модел. Тој и Марк Џејкобс се биски од 2015 година. Минатата година се
верија.