
Новата патентна апликација на OPPO поднесена до WIPO ја открива визијата на компанијата за паметен телефон со втори екран, кој е сместен во „pop-up“ механизам.
Барањето било поднесено во април 2018 година и нуди алтернатива на концептот на паметни телефони со екран на преклоп.
Бидејќи сè уште е на ниво патент, нема јасност за тоа како ќе функционираат дисплејот и соодветниот механизам.
Рендерот на уредот покажува присуство на двојна предна камера и звучник во рамките на главниот екран. Друга верзија на моделот вклучува втор екран, во механизам кој се лизга на страна.
Во овој случај, можно е да се користи екранот за визуелизација на тастатура или контролер за гејминг.
