YouTube го проширува пристапот до режимот „слика-во-слика“ за паметни телефони

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Една од големите погодности за користење на веб-базирана верзија на YouTube кај преносни и десктоп компјутери е можноста за плејбек на содржина, додека работите нешто друго на компјутерот.

За жал, досега кај преносните уреди, ова беше достапно само за платените претплатници во одредени региони. Кон средината на минатата година, сепак YouTube започна да го проширува режимот „picture-in-picture“ (слика во слика) за корисниците во САД, кои немаат платена претплата.

Сега изгледа оваа можност започнува да се појавува и во други земји, откако засега има индикации за тоа само од Италија. Сепак, во страната за поддршка на Google сè уште има информации дека функционалноста е достапна само во САД.

Очекуваме дека оваа корисна дополнителна функција наскоро ќе биде достапна во повеќе земји, и зошто да не и во Македонија.