Поради штрајк на професорите затворени средните училишта во Грција

од desk4
113 прегледи

Грчката Федерацијата на професори од државните средни училишта од утрово почна 24-часовен штрајк, за да го изразат нивното несогласување за промените на законите што ги предлага Министерството за образование за новиот систем за запишување на факултет.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, поради штрајкот на професорите, денеска се затворени средните училишта.

Од Федерацијата закажаа и протести во Солун и во Атина.