Џефри Раш освои дело за клевета против австралиски „Дејли телеграф“

од Vlatko K
120 прегледи

Оскаровецот Џефри Раш ја освои тужбата за клевета против австралискиот огранок на
медиумската група на Руперт Мардок – „News Corp.“. На крајот на 2017 година нејзиното издание на
„Дејли телеграф“ во Сиднеј го обвини актерот дека се однесувал „несоодветно“ со Ерин Џин Норвил
за време на продукција на „Кралот Лир“ на „Sydney Theatre Company“, пренесе „Ројтерс“.


Заклучокот на федералниот суд е дека австралискиот весник не успеал да докаже дека приказната
што ја објавил е вистинита. Ова му предизвикало на Раш значителни финансиски штети – откажани
ангажмани во киното, како и негативно влијание врз неговата кариера и неговиот имиџ.
Надоместокот што ќе го добие актерот е 600 илјади долари, но ќе следи и друг надомест, кој се
пресметува во милиони и ќе биде одреден на подоцнежен датум. Тој на почетокот бараше 25
милиони долари оштета.

„Тоа беше една неодговорна публикација на сензационално новинарство од најлош вид“, го прочита
заклучокот на одлуката во преполната судница судијата во случајот, Мајкл Вигни.

67-годишниот Раш тврди дека обвинувањата се смислени набрзина, бидејќи медиумот сакал да го
префрли скандалот со филмскиот продуцент, Харви Ваинстин во САД на австралиска почва.
Според Вигни, весникот не ги истражувал информациите пред да ги објави.
Претставниците на „Дејли телеграф“ рекоа дека не се согласуваат со одлуката на судот.

На крајот на 2017 година публикација во весникот го обвини Раш за „несоодветно однесување“ кон
актерката Ерин Џин Норвил за време на продукција на „Кралот Лир“ во австралискиот театар.
Според актерот објавените приказни, како и насловот на првата статија „King Leer“ („Царот
похотливец“ – н.з.) се вели дека тој е „перверзен“, што довело до „значителна штета“за него.

Според Вигни покрај нејасноста на тврдењата на весникот читателите биле заведени да се согласат
со публикациите поради бранот обвинувања кон влијателни луѓе од светот на филмот, следени од
случајот со Харви Вајнстин и движењето #MeToo. Во статиите на „Дејли телеграф“ не бил наведен
изворот на информацијата, а Ерин Џин Норвил не го коментираше случајот пред медиумот, ниту
сакала тој да станува јавно познат.

Норвил се согласила да сведочи во корист на заштитата на весникот и во судницата потврдила
дека Раш ја допрел по градите на „несоодветен начин“ и ја понижувал со „сексуални навестувања“