Ким Кардашијан ќе стане адвокат

од Vlatko K
229 прегледи

Американската реалити ѕвезда, Ким Кардашијан ќе стане адвокат и во моментов стажира во
адвокатска фирма, објавија светските агенции.


Триесет и осумгодишната Ким, која има 134 милиони следбеници во Инстаграм, се надева дека ќе
добие диплома за адвокат во 2022 година. Кардашијан се заинтересирала за правните науки
откако се обрати на американскиот претседател Доналд Трамп за помилување на Алис Мари

Џонсон. Шеесет и три годишната Џонсон беше 20 години зад решетки и беше осудена на доживотен
затвор поради организирање на трговија со дрога.

Една недела по состанокот со Кардашијан, Трамп ја помилува затвореничката на почетокот на 2018
година. Реалити ѕвездата верува дека со подобри правни познавања таа можела да помогне на
повеќе луѓе кои „го платиле својот долг кон општеството“ и сè уште се во затвори.

Ким Кардашијан не успеа да го заврши Универзитетот „Пирс“ во Калифорнија, од кој се отпиша. Но,
во неколку држави, вклучувајќи ја Калифорнија, можно е да се добие диплома за адвокат по
четиригодишно стажирање во адвокатска фирма и положен испит.

Кардашијан стажира од минатата година во Сан Франциско и се интересира за случаи на
затвореници кои аплицираат за предвремено ослободување.