Пожар зафати куќа во центарот на Кавадарци, избегнати се поголеми штети

од desk4
83 прегледи

Пожар зафати куќа во строгиот центар на Кавадарци, рано изутрина во 03.30 часот, избегнати се поголеми штети, како и зафаќање на соседните објекти.

-Благодарение на интервенцијата на кавадаречките пожарникари и помошта од сограѓани, пожарот беше локализиран, велат очевидци за МИА.

Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информираат дека интервенирале околу час и половина со четири возила и десет пожарникари.

Борбата со пламените јазици не била едноставна, бидејќи во тој дел на градот куќите се стари и лепенки една со друга.

Дополнителен проблем бил тешко пристапниот терен во тесната уличка “Тошо Велков -Пепето”.