
Светот веројатно се наоѓа пред најтоплите десет години од кога почнало регистрирањето на температурните рекорди во 1850 година, тврдат научниците.
Во следните пет години постојат и шанси да се соочиме со година во која растот на просечната глобална температура би можел да биде поголем од 1,5 степени.
Еден и пол степен се смета за критичен праг за климатските промени.
Доколку податоците се совпаднат со прогнозите, тогаш декадата од 2014 до 2023 година ќе биде најтопла во последните 150 години.