Премиерата на „Игра на тронови“ гледана од рекорден број гледачи

од Vlatko K
182 прегледи

Рекорден број гледачи, 17,4 милиони, ја гледаа премиерата на првата епизода на последната осма
сезона на „Игра на тронови“, објави телевизискиот канал HBO.


Достигнатиот број е рекорд за средновековните серии во жанрот фантазија. Премиерата на осмата
сезона во неделата беше исто така е најспомнувана во социјалните мрежи за целата приказна за
серијата. Повеќе од 5 милиони твитови се посветени на неа во текот на викендот.

Според податоците од анкетата на „Нилсен“, финалето од претходната сезона на „Игра на тронови“
во 2017 година беше проследено од 16,5 милиони гледачи на HBO и во стриминг режим.
Последната осма сезона ќе се состои од шест епизоди, потсетуваат агенциите.