ФОТО: Се преврте цистерна на Оилко кај Неготино

од desk2
358 прегледи

Цистерна полна со нафтени деривати пред малку се преврте кај Неготино. Возачот на цистерната не е повреден – вели за 1ТВ негов колега во телефонски разговор.

Додава дека најверојатно причината е замор на возачот бидејќи на пат кон Грција тргнал вчера во 7 часот наутро, таму чекал да се наполни цистерната и веднаш тргнал кон Скопје. Возачот со кој разговаравме вели дека имаат наредба од раководството да возат без одморот кој е предвиден со закон. Одговор побаравме кај надлежно лице во компанијата. Одговорниот со кој стапивме во контакт кусо ни рече дека не може да разговара вечерва и дека во текот на утрешниот ден ќе одговори на нашите прашања./1TV