Нетанјаху и формално мандатар за состав на влада на Израел

од desk2
92 прегледи

Претседателот на Израел Рувен Ривлин денеска му наложи на актуелниот премиер на Израел Бенјамин Нетанјаху во рок од 42 дена да формира влада и со тоа, по петтипат да биде претседател на владата.

Со оглед на тоа дека партијата на Нетанјаху „Ликуд“ освои доволен број места во парламентот, беше очекувано дека тој ќе го добие мандатот за состав на нова влада.

Во следните недели Нетанјаху ќе разговара со своите коалициски партнери за состав на влада и распределба на функции.

Нетанјаху, заедно со своите коалициски партнери има поддршка од 65 од вкупно 120 пратеници во Кнесетот.