Роботите на Boston Dynamics излегуваат на пазарот

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Компанијата за роботи Boston Dynamics е на пат да го исполни ветувањето да ги пушти своите напредни машини на пазарот. Подоцна оваа година се очекуваат во продажба првите 100 примероци од роботот, кој наликува на куче – SpotMini.

Шефот на компанијата Марк Рајберт претстави оваа недела сериски примерок на SpotMini и објави дека роботот ќе влезе во производство наскоро – во јули-август. Компанијата планира да издаде 100 такви роботи до крајот на годината.

Прикажаните порано примероци претставуваат тест модели кои Boston Dynamics продолжува да ги развива. Во моментов нема официјална информација за цените на роботите очекувани на пазарот – тие ќе бидат објавени во текот на летото.

Серискиот SpotMini има нов корпус, заштитен подобро од падови, како и камери и сензори распоредени напред, отстрана и позади, благодарение на кои роботот ќе може да „гледа“ во сите правци.

Комерцијалната верзија на SpotMini доаѓа со познатата механичка рака-манипулатор напред, која е уште пофлексибилна и подобро маневрира.

Рајберт се надева дека SpotMini ќе стане „Android меѓу роботите“ и програмерите ќе пишуваат апликации за него.