„Доналд Трамп е тотален губитник“ – така актерот Роберт де Ниро повторно го нападна американскиот претседател и тоа во етерот на една од најгледаните емисии во САД – „Вечерното шоу со Стивен Колбер“. Тој оди подалеку, дефинирајќи го претседателот како псевдо гангстер.
„Луѓето го сакаат типот „надвор од законот“, но сега во Белата куќа имаме псевдо гангстер. Дури и гангстерите имаат морални и етички правила. Тие имаат некое разбирање на едни со други и кога некој ви ветува нешто, тоа е закон. Трамп дури и не знае што значи тоа“, рече актерот.
На прашањето на Колбер дали Де Ниро може да му даде шанса на американскиот претседател, актерот одговори дека тој веќе го сторил тоа.
„Претседателот се покажа како целосен губитник“, рече Де Ниро.
Ова не е првпат актерот да го критикува американскиот претседател. Пред некое време во Твитер, Де Ниро напишал дека Трамп е „индивидуа со многу низок коефициент на интелигенција“.
Во друго интервју за „Гардијан“ актерот го нарече претседателот расист и го спореди со Хитлер.