Масовна акција за чистење на диви депонии во Скопје (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Неколку илјади граѓани, вработени во градската администрација, општините и јавните претпријатија, студенти од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор и од дипломатските претставништва, како и ученици во средните и од основните училишта се вклучија во масовната акција за расчистување диви депонии на територијата на Скопје, која се одвива денеска во сите 10 скопски општини.

Во акцијата за чистење на локацијата пред хотелот „Вип“ се вклучија градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

– Ќе ја искористам оваа можност да упатам апел до моите сограѓани одговорно да постапуваме со отпадот и да го оставаме исклучиво на местата што се предвидени за тоа. Чистотата на нашиот град зависи пред се од одговорноста на секој од нас поединечно. Скопје може и мора да биде чист град, а тоа се постигнува само со одговорно однесување со ѓубрето што го создаваме. Само заедно можеме да си ја обезбедиме чистата иднина, заради нашето здравје, заради здравјето на нашите деца – нагласи Шилегов.