Неколку илјади луѓе денеска присуствуваа на погребот на познатиот бањалучки бизнисмен и критичар на властите кој беше убиен во понеделникот.

Убиениот бизнисмен Славиша Круниќ кој е сопственик на неколку компании меѓу кои и на фирма за обезбедување беше погребан денеска во родното село близу Бања Лука.
Круниќ беше застрелан доцна вечерта во понеделникот пред домот од мажи за кои се смета дека биле платени убијци. Полицијата во РС приведе две лица на сослушување поради убиството.