
Досега, единственото нешто што го знаевме за митскиот Samsung Galaxy Note 10 Pro, беше тоа што требаше да се појави заедно со нормалната верзија на телефонот. Но, добиваме нова информација која ни кажува малку повеќе за уредот.
Во мрежата се појави слика од батерјата на Samsung Galaxy Note 10 Pro, која очигледно ќе има капацитет од 4500 mAh. Ова е точно 500 mAh повеќе од претходниот Samsung Galaxy Note 9, и ако погледнете внимателно, ќе видите дека бројот на батеријата е поврзан со SM-N975, што е веројатно бројот на моделот Samsung Galaxy Note 10.
Иако ништо не е потврдено, ова е прв пат да дознаеме за капацитетот на батеријата. Samsung има логика да користи 4500 mAh батерија, бидејќи моменталниот Samsung Galaxy S10 5G ја има истата батерија.
Користејќи ја оваа батерија повторно, компанијата ќе заштеди на трошоците, и очигледно е доволно моќна за да го напојува Samsung Galaxy Note 10 Pro.