Се појавија нови рендери на iPhone XI (ФОТО)

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Новите рендери на iPhone XI се појавија на интернет, кои наводно го прикажуваат финалниот дизајн на уредот. Забележано е дека испакната камера ќе биде достапна во новиот модел. Таа е тројна и има прилично необична локација на сензорите.

Кадрите покажуваат дека целиот заден панел е направен од еден лист од стакло што ја покрива камерата. На предниот панел го гледаме 5,8-инчниот AMOLED дисплеј, чија големина е иста како и сегашните модели, а рамките околу него се малку намалени.

Apple не преминале на USB-C и новите модели на iPhone продолжуваат да се потпираат на Lightning за полнење.

Се разбира, мора да се има на ум дека не постои гаранција за точноста на овие рендери. Исто така е сосема можно Apple да направи промени во изгледот на следната генерација на iPhone, па сето ова, барем засега, останува во доменот на гласините.