Приведен Милојко Пантиќ, удрил во полициско возило и се обидел да побегне

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Познатиот српски спортски коментатор Милојко Пантиќ (72) е уапсен откако со свое возило удрил во џип на интервентната единица на полицијата во Белград.

Пантиќ, синоќа околу 23.30 часот под дејство на алкохол удрил во задниот дел од возилото на полицијата.

Потоа се обидел да побегне возејќи во спротивен правец на Банков мост, но полицијата го уапсила. Во инцидентот нема повредени.