Изложба „Птици (за мојата ќерка)“ од Јорданчо Кицовски

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Изложба на слики „Птици (за мојата ќерка)“ од Јорданчо Кицовски вечер ќе биде отворена во Културно информативниот центар – Скопје.

Авторот на изложбата ќе се претстави со 20 дела, работени акрилик на платно, создадени последниве три години.

Јорданчо Кицовски е роден во 1980 година во Скопје. Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје (графика, реставрација и конзервација ). Слика на ѕидови и фасади, изработува сувенири, икони, слики, цртежи, стрипови …

Досега реализирал една самостојна изложба во Скопје и повеќе групни изложби во државата и во САД. Учествувал на неколку ликовни колонии низ нашата земја.