
Единицата за брзи артивистички акции опомена стотина несовесно паркирани возачи во Скопје, ставајќи налепници „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! / паркирањето на овој автомобил е нодговорно / Ве молиме следниот пат паркирајте одговорно“.
„Живееме во состојба на алармантна урбана некултура: сообраќаен хаос, непочитување на сообраќајни прописи, недостаток на услови за непречено и безбедно движење со велосипеди и пешаци , непрописно паркирање…
Причините за ваквата неодговорноста на граѓаните кон овие состојби се многубројни, но останува фактот дека тоа што најмногу недостасува е немањето свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност.
Во недостаток на сериозен акциски план за решавање на овие проблеми сметаме дека како единица ја имаме таа општествена одговорност да реагираме на овие процеси и сметаме дека со оваа акција можеме да допринесеме кон подобрување на состојбите во урбана култура.
Налепниците за неправилно паркирани коли се директна акција кон луѓето кои ги кршат правилата“, велат од Единицата за брзи артивистички акции.