Наследникот на Windows 10 ќе биде управуван со поглед

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Microsoft го најави незамисливото – компанијата развива нов оперативен систем. На изложбата Computex во Тајван, потпретседателот на ИТ гигантот Ник Паркер ги претстави идните софтверски амбиции на Microsoft. Иако се очекуваше настанот да биде форум за објава на нашироко дискутираниот Windows Lite, не слушнавме официјално соопштение, но Microsoft сепак навест на што работи, макар и со „пола уста“.

Според Паркер, идниот оперативен систем на Microsoft ќе понуди работи како постојана врска со мрежата, сигурна и стабилна рамка и органски надградби. Паркер постојано зборува за „модерен OS“, споменувајќи ја потребата од Вештачка интелигенција, облачни искуства и висок степен на интерактивност која вклучува команди со допир, игла, глас и дури… поглед. Меѓу другите особини споменати погоре, се дискутираше за можноста да го пренесете екранот вашиот Android телефон на мониторот и да користите глувче и тастатура за да работите со своите апликации.

Логично е дека некои од овие карактеристики можат да бидат интегрирани во сегашната верзија на Windows, но се чини дека Microsoft планира нешто сосема различно за следниот оперативен систем и тоа најверојатно ќе биде далеку посериозно од сегашните обиди за лесна платформа, кои ги видовме во Windows 10 S. Microsoft веќе официјално објави дека ја тестира новата верзија на Windows 10, кој ќе излезе дури во 2020 година – а дали таа е попатна станица меѓу очекуваната овој октомври надградба и „модерниот OS“, за кој Паркер зборува, или нешто поинакво, преттои да видиме.