Дачиќ: Никогаш нема да го дадеме северно Косово на Приштина

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Северно Косово, населено главно со Срби, под никакви околности нема да биде под суверенитетот на Приштина. Ова го изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за телевизијата О2.

„Северно Косово не може да биде под суверенитетот на Приштина и точка“, рече Дачиќ, откако потсети дека зборува за поделба на регионот по етнички принцип десетици години и дека „тоа е единственото решение кое нема да предизвика проблеми“.

Според него решение на косовското прашање е можно при подготвеност на меѓународната заедница да стави крај на драмата. Ако меѓународната заедница се согласи дека „косовското прашање треба да биде затворено како проблем кој генерира постојана нестабилност“, сметам дека ова прашање ќе биде решено, рече министерот.

Истовремено Дачиќ потсети дека различни делови од меѓународната заедница имаат различни ставови на проблемот, при што не станува збор за несогласувања меѓу Москва и Вашингтон, туку за несогласувања меѓу САД и ЕУ.