Шефот на PlayStation потврди: Sony PS5 ќе биде компатибилен со игрите за PS4

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Веќе ве информиравме дека Sony PlayStation 5 ќе има осум јадрен процесор, SSD, и ќе поддржува 8K резолуција. Долгоочекуваниот наследник на PS4 нема да биде објавен пред средината на следната година. Сепак, гејмерите пројавуваат голем интерес кон хардверот и додатоците што ќе ги понуди новата конзола. Едно од големите прашања е компатибилноста на PS5 со игрите за Sony PlayStation 4, што е важно за целиот екосистем на Sony.

Новиот главен извршен директор на PlayStation поделбата на компанијата, Џим Рајан, откри интересни детали за неговите планови. Од неговите зборови разбираме дека тој не е поддржувач на идејата да се има многу голема разлика помеѓу новата и старата генерација на Sony гејмерски конзоли. Џим Рајан верува дека треба да се обезбеди непречена транзиција од PS4 во PS5. Ова не може да се направи без одредена компатибилност на игрите и додатоците на двата уреди.

Една од идеите за кои се дискутира е серверите на компанијата да не прават разлика помеѓу PS4 и PS5 кога се играат игри во реално време. На овој начин, корисниците ќе имаат пристап до уште подобри можности да се забавуваат со насловите за двете конзоли, без оглед на тоа што го поседуваат. Сè уште немаме информации за тоа како Sony планира да го постигне овој ефект, но сигурно таквата функционалност ќе им се допадне на фановите на компанијата.