
Google подготвува корисни функции кои ќе бидат достапни во следната верзија на оперативниот систем Android Q. Занеа дознаваме од Android Police, кои откриле опција наречена Adaptive Sleep во тековната бета верзија на платформата.
Од описот, дознаваме дека кога опцијата е овозможена, екранот ќе остане вклучен кога ќе се открие движење пред уредот. За таа цел се потпира на предната камера која го доловува движењето на главата при читање. Ваквата функционалност, наречена „Smart Stay“, е достапна за некои Samsung модели со години.

Досега, оваа иновација не е достапна за сите бета корисници, и не постои начин да се вклучи. Тие контактирале со инженер на Google кој објаснува дека Adaptive Sleep ќе биде функција која можат да ја имплементираат различни производители.
Сепак, таа нема да биде достапна за сите уреди. За таа цел, компанијата ја оспособиле соодветната зона во системските поставувања, која треба да се активира при потреба.