
Минисеријата на HBO, „Чернобил“, чие емитување заврши минатата недела, доби највисока оценка за ТВ-шоу во историјата на IMDb. Прашање е колку е веродостојна, бидејќи рангирањето се заснова на оценки на една веб-страница. Но, изненадувачки е што историската драма надмина поп-културни феномени, како што се „Game of Thrones“ и „Breaking Bad“.
Во режија на Крег Меисин, минисеријата ја раскажува приказната за најстрашната несреќа предизвикана од човечка грешка во нашата историја. На 26 април 1986 година, Советската нуклеарна централа во Припјат експлодираше по неуспешен тест за безбедност. Пожарот кој следи, предизвикува смртоносни зрачења во воздухот, по што направи 20-километарска зона непогодна за живеење во следните 20.000 години.
Приказната ги следи Валери Легасов (Џаред Харис), Борис Шчербина (Стелан Скарсгард) и Улјана Хомјук (Емили Вотсон) во нивните обиди да се справат со последиците од катастрофата. Ова се покажа како тешка мисија, бидејќи советската влада е позаинтересирана за имиџот на јавноста отколку за безбедноста на нејзините граѓани. Кога тројцата откриваат дека владина лага предизвикала катастрофата, Легасов се соочува со дилема: Навистина ли вреди да го жртвуваш својот живот за да ја откриеш вистината?
Меисин темелно го испитува инцидентот и темелно ја пресоздава атмосферата на 1980-тите. Се разбира, некои делови се драматизирани, но во најголем дел приказната одговара на реалноста.
Сепак, според „The Moscow Times“, во Русија се многу растревожени поради шоуто на HBO.
„Фактот дека еден американски, а не руски телевизиски канал раскажува за нашите сопствени ликови, е извор на срам, кој прокремълските медиуми очигледно не можат да го преживеат“, пишува Илија Шепелин од „Times“.
Всушност, во Русија се толку иритирани, што подготвуваат свој филм за Чернобил, обвинувајќи ги САД за катастрофата. Режисерот Алексеј Мурадов вели дека сижето се базира на конспиративна теорија, дека „Американците се инфилтрирале во нуклеарната централа“ и на тој начин се вмешани во експлозијата.
„Многу историчари не негираат дека во денот на експлозијата присуствувал агент на американските разузнавачки служби“, вели Мурадов.
Така, наместо да оддаде почит на руските херои, кои го жртвуваа својот живот, филмот ќе се фокусира на конспиративна теорија со која се пренесува топката кој е виновен.