Пентагон забрани турски пилоти да се обучуваат на Ф-35

од Vladimir Zorba
147 прегледи

На турските пилоти им е забрането да летаат и да се обучуваат на борбени авиони Ф-35 во базата на американските воздухопловни сили во Аризона, објави Пентагон.

Тоа беше објавено во време кога Вашингтон засилува притисок врз Анкара да се откаже од купувањето на рускиот систем за одбрана на С-400.

Портпаролот на Пентагон, полковник Мајк Ендрјус, рече дека американското Министерство за одбрана е „запознато дека турските пилоти веќе не летаат со Ф-35″.

Американскиот секретар за одбрана, Патрик Шанахан, му рекол на турскиот колега дека турските пилоти, кои се веќе во САД, можат да останат таму до крајот на јули.