Huawei ја одложува целта да стане најголем производител на мобилни телефони во светот

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Кинеската компанија Huawei веќе не очекува да ја покрие целта да стане најголем производител на паметни телефони во светот до крајот на годината, пишува „Ројтерс“. Агенцијата се повикува на изјава на Шао Јан, директор за стратегии во делот на компанијата за корисничка електроника.

Јан не коментира конкретни причини, но тие се во голема мера јасни. Во мај, Huawei официјално беше додадена на црната листа на САД и во моментов тече 90-дневниот период во кој американските компании треба да стават крај на односите со фирмата. Ова го вклучува Google, производителот на оперативниот систем Android којги напојува сите телефони на компанијата, како и различни производители на процесори и други делови. Некои компании од партнерските земји на САД исто така ќе сопрат со бизнис со Huawei, за да не го ризикуваат гневот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според Јан, во моментов Huawei продава помеѓу 500 и 600 илјади смартфони на ден. Последните официјални податоци покажуваат дека фирмата е втор производител на телефони во светот по волумен – пред американската Apple, но зад корејски Samsung. Целта на Huawei е да стане апсолутен лидер на пазарот.

Колку силен ќе биде ударот?

Huawei речиси не продава смартфони во САД и овој пазар е далеку од клучен за фирмата, но санкциите од американската влада ќе имаат далеку поголем одек. Аналитичарите веруваат дека забраната ќе одземе околу четвртина од продажбата на компанијата во оваа година. Голем дел од корисниците веќе се оддалечуваат од Huawei поради нејасната судбина на Android софтверот, со кој доаѓаат тие. Потрошувачите продолжуваат да добиваат надградби, но може да не добијат целосна надградба на системот, кога ќе излезе следната верзија на Android.

До моментов, Huawei нема најавено решение и за големиот проблем со оперативниот систем: телефоните на фирмата, кои се уште се во фабрика пред склопување и немаат инсталиран софтвер. Досега од Huawei даваа само неофицијални сигнали дека располагаат со свој развиен оперативен систем кој ќе го замени Android. Таков сепак се уште не е промовиран официјално.