Хрватите им ја продадоа Политичката школа во Кумровец на Кинези за 2,2 милиони евра

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Со одлука на хрватската влада поранешната Политичка школа во Кумровец, родното место на поранешниот доживотен претседател на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, е продадена на кинеската фирма Џонгја недвижнини, за 14,09 милиони куни, пишува хрватскиот Пословни дневник.

Кинеската компанија била единствениот понудувач.

Сопственичка на кинеската фирма е Џијанг Ју, и има намера да ги претвори објектите на поранешната политичка школа во хотел, но и да отвори спомен парк посветен на Јосип Броз.