„Животот“ на една новоотворена компаниј во Бугарија во просек трае помалку од една година. Секоја втора активна компанија во Бугарија е без ниту еден вработен освен сопственикот. Во 2016 година, бројот на трговци поединци бил речиси 170 илјади или 48,8% од сите компании во државата. Тоа се резултати од студијата на НУИ „Демографија на претпријатијата”. Истражувањето се спроведува на секои пет години за да се даде општа слика за бизнисите во Бугарија.

Во 2016 година во земјата работеле околу 347.000 компании, што раст за 2,6% во споредба со претходната година. Новорегистрираните компании се 42 500. Делумно растот на новорегистрираните фирми се должи и на олеснетите правила за регистрација на нови бизниси, откако и првичниот капитал за таква регистрација беше намален на 2 лева.
Интересно е дека најмногу нови бизниси се „родени“ во сферата „Трговија”, како тоа е и секторот во кој се регистрирани најмногу семејни фирми, кои се потпираат само на трудот на членовите на семејството, без други вработени.
Втората во статистиката се компании со помеѓу 1 и 4 вработени. Тие се речиси 127.000 – нешто повеќе од една третина од сите постоечки бизниси во земјата. Со персонал од 10 и повеќе се само 7,9% од активните компании. Статистичките податоци исто така покажуваат дека во 2016 година се создадени само 558 компании со повеќе од 10 или повеќе вработени.
Во првата година по „раѓањето“ преживуваат 80% од фирмите, но помалку од 5% имаат подолг од 5 години живот. Тоа значи дека над 95% од претприемачите не успеваат да се справат со конкуренцијата, пазарната ситуација, бирократијата или друго, затоа фирмите или банкротираат, или доброволно прекинуваат своите активности.