
Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија ќе искаже поддршка за промена на позицијата на фракцијата за „Брегзит“ и ќе поддржи втор референдум, пишува авторитетното британско издание „The Times“, повикувајќи се на висок извор од британското работничко движење.
Документ на главниот политички советник на Корбин, Ендрју Фишер, препорачува на лабуристите да поддржат втор референдум за секоја трансакција, договорена со Брисел, објави весникот, додавајќи дека повеќето членови на кабинетот во сенка се уште не го виделе документот.
Кабинетот во сенка во средата ќе разговара за планот за новата позиција, која ќе биде цврсто за останување во Европската унија, пишува „The Times“.
Лабуристите, кои претрпеа големи загуби на изборите за Европскиот парламент кон крајот на мај, се поделени по прашањето дали категорично да побараат втор референдум за „Брегзит“.
Корбин досега изјавуваше дека можноста за гласање за „Брегзит“ треба да се држи на маса заедно со националните избори. Перспективата преставува дилема, бидејќи многу поддржувачи на партијата го поддржаа заминувањето на Британија од Европската унија.