Групата Ролинг Стоунс се враќа на концертната сцена во Чикаго вечерва откако ја одложи својата
турнеја низ Северна Америка поради хируршки зафат на Мик Џегер.

Концертот е на стадионот „Солџер Филд“, а следната недела во вторник ќе има уште едно шоу.
Минатиот месец бендот ја објави програмата, која вклучува класични хитови како „Sympathy for the
Devil“ и „Paint it Black“.
Мик Џегер, 75, беше подложен на замена на аортната валвула во Њујорк на почетокот од април. Со
овој метод, заздравувањето е побрзо, објави Асошиејтед прес.
Во средината на мај, тој објави снимка на социјалните мрежи како танцува во студио.
Турнејата „No Filter“ на Ролинг Стоунс” содржи 17 концерти во САД и Канада.