
Компанијата SpaceX истрела утринава од Флорида тешката ракета Falcon Heavy со 24 сателити на бордот, кои ќе ги остава на различни места во орбитата во следните 6 часа.
Компанијата на Елон Маск го нарече почетокот на мисијата една од најтешките досега. Falcon Heavy е сметана за најмоќната ракета во светот и тоа е само третото нејзино лансирање и првото, направено во текот на ноќта (во 2:30 по локално време).
Лансирањето се случи со 3 часа задоцнување од Кејп Канаверал. Мисијата Space Test Program 2 (STP-2) е со експериментални сателити на различни агенции, вклучувајќи на лаборатории на Пентагон, универзитети, невладини организации, NASA и Националната администрација за истражување на океаните и атмосферата (NOAA).