Хакер пробил во мрежата на НАСА со мини компјутер за 35 долари

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Хакер успеа да навлезе во мрежата на еден од центрите на НАСА со мини-компјутер кој чини 35 долари, пренесе Франс Прес.

Нападот ја принуди американската вселенска агенција привремено да го затвори својот систем за управување со летови. Интервенцијата на хакерот започнала во април 2018 година и траела скоро една година.

Жртва стана познатата Лабараторија за ракетни мотори (ЛРМ) на НАСА во Пасадена, Калифорнија. Мини-компјутерот Raspberry Pi се користел за нападот, кој е со големина на кредитна картичка. Тој се користи од страна на децата во земјите во развој за да научат да програмираат.

Компјутерот во прашање контактирал со ЛРМ мрежата и била „исцедена“ голема количина на податоци. Тука спаѓаат доверливи датотеки, како такви за роверот „Кјуриосити“, кој врши истражувања на Марс. Друга украдена датотека била заштитена со законот за контрола на извозот на технологии, која може да има воена примена.

Хакерот можел да продре во две од трите основни мрежи на Лабараторијата за ракетни мотори.

Вселенскиот центар за управување на летовите во Хјустон ја прекинал врската со порталот на ЛРМ за да избегне напад на својата мрежа.