Хакери нападнале голем број на телекоми со цел кражба на информации

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Хакери добиле пристап до системите на над десет телекоми и превземале сериозен број лични и корпоративни податоци, според компанијата за сајбер-безбедноснт Cybereason. Таа, исто така открила врска со претходните сајбер-шпионски кампањи од Кина. Телекоми што работат во 30 земји беа погодени, со цел пристап до информации за политичари, владини службеници и службеници за спроведување на законот.

Хакерите користеле инструменти кои се поврзани со други напади, што се припишуваат на Пекинг од страна на САД и нивните западни сојузници. Според Cybereason, ова укажува на ниво на сложеност што не може да го постигне криминалната организација. Претставник на кинеското Министерство за надворешни работи вели дека земјата не би дозволила слично дејствување на нејзина територија или користење на нејзината инфраструктура.

Cybereason одбива да ги именува погодените телекоми, но запознаени извори велат дека хакерските операции на Кина се повеќе имаат за цел оператори во Западна Европа. Во некои случаи, целиот активен директориум на целта е компромитиран, давајќи пристап до сите кориснички имиња и лозинки во организацијата. Според Cybereason, за целите, биле користени голем број на алатки што претходно ги користела кинеската хакерска група APT10. Компанијата најде конкретни докази дека нападите потекнуваат од Кина.