Мадона испрати порака против носењето оружје со својата нова песна (ВИДЕО)

од Vlatko K
178 прегледи

Мадона се вклучи во дебатата за оружје во САД со песна. Клипот кон неа вклучува рекреација на
сцени за масовно пукање.


Песната започнува со порака во која се вели дека следат драматични кадри на насилство и тоа
мора да престане.

„Треба да се разбудиме“, пее Мадона.

Видеото, исто така, содржи снимки од големата демонстрација за построга контрола на оружјата од
март 2018 година.

Во последниве години, масовните престрелки во САД земаат се повеќе и повеќе жртви, а дебатата
за носење и употреба на оружје се интензивираше.

Видеото е направено, за да шокира, вели Мадона во интервју за популарно списание. Тоа е
реалноста, тоа е она што се случува. Дали ви е непријатно? Па, можеби ќе направите нешто во
врска со тоа, додава легендарната пејачка.