Британската група Queen е со најголеми продажби на албуми во Северна Америка меѓу сите
изведувачи за првата половина на 2019 година, објави „Ројтерс“.

Музиката од филмовите предизвика голем интерес оваа година. Според податоците за полугодие
од „Нилсен“, саундтракот на мјузиклот „Bohemian Rhapsody“, кој освои четири награди „Оскар“ во
февруари, е со најголеми продажби меѓу рок албумите за првата половина на 2019 година. На второ
место е „Greatest Hits 1“ на британската група.
Групата Queen има продадено над 731.000 албуми – повеќе од било кој друг изведувач, како и
најмногу дигитални песни со над 1,3 милиони преземања.
Во февруари, Queen стана првиот рок бенд кој ја отвора церемонијата за доделување на наградите
„Оскар“.
Страсна изведба на песната „Shallow“ на Лејди Гага и актерот и режисер Бредли Купер на
церемонијата на наградите „Оскар“ исто ја зголеми многу продажбата. Романтичната балада досега
дигитално е симната 648.000 пати во годината.
Биографскиот филм „Rocketman“ ја зголеми со 138 проценти продажбата на албумите на Елтон Џон
во првата недела по излегувањето на филмот во кината кон крајот на мај.