Сите продавници за храна и за други стоки како и киосци во северниот дел на Косово се затворени денеска во знак на протест поради трговска блокада и 100-процентните царини што Приштина ги наплаќа при увоз на стоки од централна Србија.

Не работат пекарите и угостителски објекти.
Радош Петровиќ, претседател на Здружението на стопанственици во северно Косово, во изјава за РТС вели дека мерките на Приштина ги довеле жителите на овие општини на раб на хуманитарна катастрофа.
Приштина воведе царини за српски производи од 100 отсто пред повеќе од седум месеци.