
Неодамна се појавија информации дека Samsung подготвува втора генерација на својот паметен часовник Galaxy Watch Active. Сега имаме фотографии и информации за идниот Galaxy Watch Active 2, кои во голема мера откриваат како ќе изгледа новиот часовник.
Според информациите на Sammobile, тој ќе биде достапен во дијаметар од 40mm и 44mm и повторно нема да има подвижна рамка за навигација во интерфејсот. Galaxy Watch Active 2 изгледа многу слично на неговиот претходник, но некои разлики се видливи.
Главното копче кое, исто така, се користи за вклучување, е кружно и црвено, а копчето за враќање назад е елипсовидно. Позади има освежен изглед кој вклучува кружен раб околу сензорот за мерење на срцевата работа.
Watch Active 2 може да биде достапен во две верзии – со LTE конекција и само Wi-Fi. Присуството на микрофон и отвор за звучник сугерира можност за повици.
Верзијата LTE ќе има батерија со капацитет од 340 mAh, а во Wi-Fi верзијата ќе биде 237 mAh.
Во однос на софтвер, часовникот се очекува да има верзија 1.5 од One UI графичкиот кориснички интерфејс.
https://www.youtube.com/watch?v=QCHeITnTfzs