Квентин Тарантино призна дека тој „стигнал до крајот на патот“ со неговата режисерска кариера. Холивудската легенда ќе се повлече од снимање на големи филмски продукции и одлучи да се посвети на пишување книги и театарски продукции.
Пред списанието „GQ“, Тарантино рече: „Што се однесува до големи филмски продукции, мислам дека стигнав до крајот на патот. Мислам дека треба да бидам посветен на пишување книги и драми за театарот, па така ќе творам повторно. Мислам дека дадов сè што можам за филмот“.
Според негов познаник, „Once Upon a Time in Hollywood“, може да биде последниот филм на режисерот и тој дури и не размислува да сними десетти филм.
Тарантино признал: „Ако овој филм е прифатен добро, можеби нема да снимам 10-ти по ред. Можеби сега ќе завршам со кариерата. Можеби ќе сопрам додека сум на врвот. Ќе видиме“.
Според холивудската ѕвезда Бред Пит, кој глуми во најновиот филм на Тарантино, режисерот е многу сериозен во врска со неговата намера да се повлече.