Кулминација на клупскиот живот преку мултисензорно доживување

од Vlatko K
112 прегледи

Експертот за незаборавни летни журки е повторно во главниот град! По култните NEULAND
SENSORIUM, кој беше крунисан со епитетот „настан на годината“ во 2017-та година, Skopje и Ohrid
Calling, Juan Atkins & Jeff Mills во античкиот театар во Охрид, NEULAND Nights во соработка со
Reborn во 2018-та година и годинешниот Skopje Calling, време е за ново уникатно доживување кое
ќе ви ги предизвика сите сетила.


NEULAND MYSTERIUM, новото мултисензорно доживување со иновативен концепт кој е збогатен со
добра музика, ветува дека повторно ќе нè соочи со мултидисциплинарниот концепт на NEULAND
што подразбира слобода, неограничени можности во креативниот израз и самоопределување.

Излезете од вашата комфорната зона, дозволете му на NEULAND уште еднаш да ви пружи врвно
уживање, препуштете се на забавата и доживејте една поинаква приказна од скопскиот ноќен
живот.

Овој четврток во Ragusa Rooftop 360 ќе се сретнат моќното и мистериозното во експлозија од
емоции кои ги преплавуваат сите сетила. Побрзајте и земете ја вашата покана во еден од следните
локали: Синдикат, Цреша бар и Рузвелт.

Влезниците се во ограничен број и важат за две лица. За подетални информации, посетете ги
инстаграм профилите на скопските кафулиња.

Слични содржини