Деле Али камен пијан на плажа на Миконос

од Vlatko K
139 прегледи

Ѕвездата на Тотенхем и англиската репрезентација, Деле Али се најде во беспомошна состојба за
време на неговиот одмор во Миконос, Грција. Офанзивниот фудбалер ја изгубил свеста среде ден
на плажа.


Но фановите „петлите“ немаат за што да се грижат. Здравјето на играчот е добро, но неговата
привремена слабост дојде по прослава со многу алкохол по повод роденденот на неговата девојка
Руби Меј.

23-годишниот Деле Али мораше да легне на една од лежалките.

Неговата девојка сепак мораше да побара помош од двајца мажи, кои му помогнаа на играчот да
биде однесен до хотелот.

 

Слични содржини