Кетрин Шварценегер сака деца од Крис Прат

од Vlatko K
164 прегледи

Кетрин Шварценегер нема трпение „да создаде семејство“ со нејзиниот сопруг Крис Прат.
29-годишната ќерка на Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер – се омажи со ѕвездата од
„Чуварите на галаксијата“ во почетокот на минатиот месец, но се смета дека двојката веќе
размислува за бебе.


Извор за People изјави: „Кетрин чувствува голема среќа. Тоа е толку убава врска. Кетрин нема
трпение да има вистинско семејство со Крис и да имаат дете“
Вљубените птички, кои почнаа да се среќаваат во јуни 2018 година и се верија во јануари оваа
година, се обврзаа пред блиски пријатели и роднини во Монтесито, Калифорнија, на 8 јуни, пред да
заминат на Хаваи за сончев меден месец.

Мајката на Кетрин беше освоена од емоции, додека гледаше како нејзината ќерка поминува по
патеката и се врза за мажот од нејзините соништа, чувствувајќи дека го „губи“ своето дете.

Неодамна Марија Шрајвер сподели: „Како мајка доживуваш многу емоции, затоа што добиваш нов
член на семејството, но губиш дете … Сите те прашуваат: „Па, не е ли супер тоа?“ И ти одговараш:
„Да, одлично е“, но исто е тажно и е чудно и затоа се учиш да ги воздржуваш сите овие емоции
истовремено“.

Слични содржини