Кајли Џенер си купи Ролс-Ројс за 450.000 долари

од Vlatko K
118 прегледи

Кајли Џенер купи луксузен автомобил „Ролс-Ројс Фантом“ за 450.000 долари.


Таа сепак тешко ќе се загрижи дека платила речиси половина милион долари за возилото, откако
нејзиното богатство се пресметува на милијарда долари. Кајли закачи на страницата во Инстаграм
фотографија на луксузниот автомобил, соопшти „Контакт мјузик“, цитиран од агенциите.

Претходно риалити ѕвездата и модел подари Ламборгини на својот дечко, раперот Тревис Скот, за
неговиот роденден. Тревис „закачи“ видео на интернет, покажувајќи го својот нов спортски
автомобил во сребрена боја.

Кајли неодамна појасни дека нејзината ќерка нема да учествува заедно со неа во реалното шоу,
додека не порасне доволно за да избере дали да биде дел од ваквата програма.

За богатството на бринетата придонесе нејзината компанија „Kylie Cosmetics“.
Реалити ѕвездата е горда што, иако нејзиното семејство е познато, таа сама го заработила своето
богатство

Слични содржини