Ерос Рамацоти и Марика Пелегринели пред развод?

од Vlatko K
491 прегледи

Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти и неговата сопруга, моделот Марика Пелегринели се пред
развод, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, повикувајќи се на неделникот „Спај“.


Двојката се запозна пред 10 години на церемонијата за доделување музички награди, на која
Марика му додели награда на Ерос. Двајцата се венчаа во 2014 година. Тие имаат две деца –
Рафаел Марија, на 8 години, и Габрио Тулио на 4 години.

Ерос и Марика засега не ги демантираа гласините, но неодамна двајцата беа забележани без
брачните прстени. Во мај, кога Ерос претрпе операција на гласните жици, откако ја заврши
турнејата, тој се одмораше не во својот дом во Милано, туку во областа Франчакорта.

Според фотографии во социјалните медиуми, пејачот не присуствувал на роденденот на својата
сопруга на 17-ти мај. Тие на никаков начин во социјалните мрежи не ја одбележале и годишнината
од нивната венчавка, која беше на 6 јуни.

Ако гласините се покажат вистина, тоа ќе биде втор неуспешен брак за Ерос, по крахот на оној со
Мишел Хунцикер. Тие беа во брак од 1998 до 2002 година, а две години пред бракот, добија ќерка –
Аурора. Таа сега има 23 години и работи како ТВ-водителка.

Мишел пак се врза со модниот претприемач Томазо Трусарди и му роди две девојчиња – Соле и
Челесте кои се на 6 и 4 години.

Слични содржини