За инает на критичарите: Мејведер се сликаше со 2 милиони долари (ВИДЕО)

од Vlatko K
137 прегледи

Флојд Мејведер го запиша своето име во историјата на боксот со златни букви. Ја заврши својата
професионална кариера со 50 победи и без пораз. Американецот, сепак, продолжува да се фали
премногу со заработените милиони долари, а ова му носи критиките. Флојд веднаш им одговори со…

се фотографираше со купчиња бакноти од по 100 долари, во вкупна вредност од околу 1,8
милиони долари.

Мејведер објави видео во „Инстаграм“, на кое позира со голем златен ланец, часовник „Арнолд
Шварценегер“ од лимитирана серија и најголемата торба „Шанел“.

Боксерот, исто така, го привлече вниманието на обожавателите со поставените до масата купчиња
бакноти од по 20 долари во вкупна вредност од 200.000 долари.

Флојд напиша: „Ова го слушам во текот на 23 години: „Мејведер се фали со автомобилите, накитот,
имотите, жените, облеката и парите“. Еве што ви кажува Мејведер: „Мило ми е што веќе над две
децении ме напаѓате, наместо да го потрошите тоа време во оставање на свој белег. Еднаш реков
дека најгласниот во салата всушност е најслабиот“.

„Убаво е да се фалам со заработеното на чесен начин. Со тоа што сум еден црнец, кој се извлекол
од сиромаштија. Не ми е гајле што мислите … пуштајте огномет!“, заврши Американецот.

Слични содржини