Мицотакис: Важна победа за Европа, не само за Грција

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Новоизбраниот грчки премиер, Киријакос Мицотакис вели во рамките на интервју за американскиот телевизиски канал „CNBC“ дека изборната победа е важна „за Европа, а не само за Грција“, пишува електронското издание на весникот „Prothotema“.

Според Мицотакис, фактот дека екстремнодесничарската формација „Златна зора“ не успеала да ја стигне три процентната граница е голема победа за грчката демократија.

„Многу сум горд што го преземав претседателството на Партија, која доби поддршка од 28 отсто на претходните избори, а сегашната е речиси 40 отсто“, рече новиот премиер на нашиот јужнен сосед.

Според неговите зборови, ова дава на неговата партија апсолутно мнозинство, „што пред неколку години многумина мислеа дека е малку веројатно“.