Microsoft потврди за нов проблем во WIndows 10, што влијае на над 50 милиони корисници

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Microsoft открија постоење на нов софтверски проблем, кој е поврзан со Windows 10 May 2019 Update на платформата. Од компанијата ги информираат потрошувачите дека најновата надградба на платформата Build 18362.207 (KB4501375) може да ја наруши работата на Remote Access Connection Manager (RASMAN). Оваа функционалност е клучна за оперативниот систем, бидејќи одговара за начинот на кој Windows 10 се поврзува со интернет.

Активирањето на RASMAN во позадина, исто така овозможува да користите VPN мрежи од компјутерот. Блокирањето на функцијата, сепак, може да создаде голем број неочекувани проблеми за корисниците. Според официјалните податоци на Microsoft, во моментов погодени се околу 50 милиони корисници, пријави „WindowsLatest“. Непријатниот „баг“ ја запира работата на RASMAN и репродуцира на екранот грешка „0xc0000005“ во Windows 10 (Version 1903).

Ова прашање не влијае на компјутерите со постари верзии на оперативниот систем. Се повеќе и повеќе луѓе го користат VPN за пристап до популарни услуги како Netflix. Сегашниот проблем сигурно ќе ја наруши нивната нормална работа и начинот на кој тие сурфаат во мрежата. Сè уште не знаеме колку долго ќе им треба на Microsoft да пуштат ажурирање што го решава проблемот и го враќа нормалното функционирање на VPN-овите во Windows 10.