
Германскиот канцелар Ангела Меркел повторно беше видена во лоша состојба додека го пречекуваше премиерот на Финска – трето нејзино неконтролирано тресење во рамките на помалку од еден месец, пренесува „Ројтерс“.
Телото на Меркел се тресеше додека таа стоеше надвор со Анти Рине, набљудувајќи ги воените почести, со кои тој беше пречекан во Берлин.
Портпаролот на германската влада ја прокоментира состојбата на Меркел, уверувајќи дека таа е „добро“.
Од средината на јуни, германскиот канцелар на два пати претрпе слични проблеми.
За прв пат таа беше видена како се тресе додека го пречекуваше во Берлин новиот украински претседател Володимир Зеленски на 18 јуни.
Вториот пат тоа се случи на 27 јуни, кога Меркел присуствуваше на официјалната церемонија на назначувањето на нов министер за правда во Берлин. Беше видена како ги држи рацете на градите, а нозете нејзини изгледаа видливо нестабилни.
При случајот со Зеленски 64-годишниот канцелар на Германија ја отфрли загриженоста за нејзиното здравје, откако за новинарите изјави дека е добро и состојбата и е предизвиканаод обична дехидрација.
Меркел, која полни 65 години следната недела, е канцелар на Германија од 2005 година. Таа беше прогласена за највлијателна жена во светот. Во октомври минатата година објави дека нема да се кандидира за нов мандат по завршувањето на овој во 2021 година.